зајакне св.

зајакне (св.)

Но од тоа тие немаат многу мака. Ги печеше ги гореше, ама и ги зајакнуваше да можат да ги издржат сите други и маки и страдања што им ги нанесуваа господарите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чекаше бункерски да зајакне во оваа ноќ како и во многу други ноќи откако одново се врати в град.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но ниту тој, вака остарен и истрошен, беше некој цврст косач, ниту пак Бојан, петнаесетгодишно момче, можеше да се нарече косач, зашто иако прилично израснат и зајакнат, уште немаше некакво косачко искуство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Над него се простирала загатвила степа без одговор на неговите маки, дел на татковината во која човечките жили се зајакнуваат со степски ветар и кобилско млеко.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оваа војна ќе го предизвика зајакнувањето на веќе започнатиот турски национализам, предизвикувајќи депортации, односно чистење, подоцна и етнички, кои понекогаш имаа димензии на масакри на населенија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред каков било обид за објаснување, мораме да промислиме уште едно зајакнување на таа несфатлива постапка во египетскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Татко, не грижи се. Крилјата можеби несмасно прилегаат, но моиве коски ќе ги зајакнат, мојава крв ќе ги оживее.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не се лесни овие патувања, по толку, толку многу години. Остани овде уште некој ден за да зајакнеш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не престануваше да се обновува татковиот асоцијативен систем, толку зајакнат во егзилот, предизвикан од спротивставеноста на судбината на човекот и јагулата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И како што минуваше времето, шансите на семејството да се помести кон Америка ја зајакнуваа татковата илузија да го следи патот на јагулите кон нејзините брегови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Рожбите ја зајакнуваа. Нејзиното кревко тело, од рожба во рожба, стануваше сѐ појако, но и грижите беа поголеми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само една птица не можеше да го одржува летот на јатото, за на крајот да остане на брегот, за да ги зајакне крилцата и повторно да полета кон своите, во далечна Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ЕЛАС ги зајакнал своите позиции и успеал низ целата територија на Грција и делот на Македонија под Грција да формира партизански одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Глобализацијата на пазарите ќе ја зајакне планетарната солидарност но ќе зајакне потрагата и потврдувањето на идентитетот со зголемувањето на бројот на државите-нации, кој ќе стаса до над две илјади.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тивко исчезнуваа, се обезвреднуваа, сѐ помалку имаше нејзини верни приврзенци, зајакнуваа центрифугалните националистички сили, се поткопуваа темелите на земјата која во биполарната епоха ја одржуваше рамнотежата меѓу источниот, комунистички свет, со разнишаните позиции на Советскиот Сојуз и неговата сателитска заедница, како и евро-атланската заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со измените на одредбите кои ја регулираат наведенава материја, за прв пат, се направи обид за зајакнување на процесната дисциплина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК