зашлапа св.

зашлапа (св.)

На свое чудење, кога стана островото, Мече усети дека под нозете му зашлапа вода, а после малку време и тлото почна да се лулее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Два сладоледа на стапчиња се зашлапаа во една вчерашна засенчена баричка.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога мислат дека е нивниот ден, а всушност е само најнервозниот во животот во кој ќе се избакнат по 7 пати со истите луѓе - кога ќе дојдат, кога ќе речат „ДА“, па уште еднаш кога ќе речат „ДА“ во црквата, па кога ќе се фотографираат, па кога ќе им го предаваат пликот, а тие под прстите, од дебелината веќе знаат колку им се блиски или далечни, па кога ќе се разигра невестата и кога тие истите, од многу мерак дека ептен добро играла, ќе ја зашлапаат по трипати по образите и по шминката која дебело си ја платила... сѐ до бакнувањето заради тортата и бонбончињата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Циљка се искашла и продолжи: - Даскапот од дома излезе тивко, одвај чудо зад себе затвори врата, молчаливо го прегази дворот и зашлапа во тесното калливо сокаче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа ја подигна високо над ушите јаката од шинелот и со рацете длабоко пикнати во џебовите, се сврте, удри со војничкиот чевел на вратата, излезе без збор и зашлапа во замрзнатиот снег.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК