зафучи св.

зафучи (св.)

Писменцето го зафучи крцкајќи со забите. Одговор добивме со задоцнување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мораме што поскоро да му соопштиме на учителот ... - рече Коле и го зафучи во трњето парчето чоколада.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но едно од нив, внучето на Мусли бег, синот на Арслан бег, на оној едноокиот, веројатно потпирајќи се на осиленоста на татка си, не само што не пофте да бега туку грабна камен и му го зафучи покрај глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тргна уште еден дим од цигарата и ја зафучи пред себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Со сила ли сакате, синковци мајчини? Е, чекајте! - им велам и зафучувам камења преку нивните глави.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Или да удри со главата во ѕидот, да ја ритне масата, или да ја зафучи мастилницата преку прозорецот - да направи некоја насилна или бучна и болна работа, што ќе го помати сеќавањето што го измачуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чиниш оти нејзината срдитост се престори ветер сукалец кој зафуче меѓу нас, зад нас, врз нас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Стреперив сиот зашто и по третпат очекував да зафучи студеното ветре околу моето срце и да се вознемири стаената темнина во моето сеќавање, во кое се беше счучурил, уште со првиот поглед.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, кога низ ситните процепи меѓу прозорецот и ѕидовите зафуче ветер, тој се сепна, се стресе и несвесно си ги протри рамената со рацете прекрстени на градите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога го слушна тоа, братот затрепка со своите ситни очиња и задоволно зафучи два-три пати.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)