затегнат прид.
затегне св.

затегнат (прид.)

Во широкиот двор, зараснат со дива трева, беа затегнати јажиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев ист и таа беше иста како тебе -насмеана во ноздрите, со бела затегната кожа на јаките јаготки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш меѓу нив застануваше еден кловн изгубен во војната, некој Август Рицман со виолина в раце. По затегнатите жици трчаа бели глувчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но Ѓеле е од оние деца што постојано ја држат главата подведната, веѓите затегнати и протурени над очите, а устата и лицето никогаш не знаат за смеење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некое чудно чувство набабруваше во него, телото му е напнато, сè е затегнато во него, мислиш ќе се скине нешто, а нозете му потреперуваат, дишењето му е забрзано и шумно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ноќта е веќе мошне задлабена. Само уште снегот, со мака, со затегнат фитил, ни присветува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Главата се откриваше од затегнатата, свежо избричена брада – тука, на просторот меѓу белата крагна и цврстата брада запрев – во адамовото јаболко, што најпрвин се искачи под голтката, а потоа повторно го чув гласот, мојот глас: - Дојдовте?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми велат: — Односите со Романија ни се доста затегнати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Познато е дека Ескимите, немајќи дрво или карпа од каде би ја разгледале околината, најлесниот ловец го фрлаат угоре со помош на затегната кожа, слична на онаа со која пожарникарите ловат скокачи од запалени згради ...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јатото веќе не било далеку, кога првиот тогашен ловец, скриен во висока трева, го видел жеравот и од затегнат лак пуштил стрела со бронзен врв.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден педесетгодишник болеста го беше подмладила во бледа ларва со кожа затегната како кај дваесетгодишник.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогаш мојот хипнотички поглед го меша со мислите и страстите: Константно и директно се џари, Нема потреба да се умилкува и додворува На својот слуга за бакнеж, Нему, кој е сопственик на ужасите, Кој ја познава матката на отровницата, Пегава и одрана со црно, На рѓосаната вага на амбрата, Неговиот гроб - Затегната направа за мачење што предизвикува тага На која тој лелека - лелека!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прво што почувствува беше олеснување, но додека го набљудуваше цврстото витко тело како се движи пред него, со црвениот појас затегнат токму онолку колку што е потребно за да се нагласи заобленоста на колковите, почна да го притиска чувство за неговата сопствена инфериорност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сенката стана тело: Рељефни дланки затегнати тетиви мрежа од игриви вени.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да бидеме попрецизни, неговото тужбено барање беше делумно усвоено и „Охис Пласт М“ како работодавач – во рок од осум дена од правосилноста на пресудата – требаше да му исплати сума од 96.515 МКД (1.580 ЕУР) на име неисплатени плати за периодот 2006–2008 година, зголемена за законската затезна камата – под страв од присилно извршување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ваквата затегната и прилично напната ситуација којашто настана, практично не беа возможни никакви преговори со новопоставената директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)