засмрди св.

засмрди (св.)

Но не беше помината сосем на негова страна, не сакаше „да засмрди на турчовина".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сврти ја земјата наопаку, истури ги сите води, дупките наполни ги со сѐ што е живо, пушти оган да ги претвори во мрши, да ги засмрди, да ги сврти во пепел, па ветер да го развее пепелот по црни неба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кај ќе застанеше, таму ќе го засмрдеше местото, Како некоја болест да заседнуваше, Секој двајца со него тројца стануваа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го засмрдев девојчето а помош нема. И Маса Кулумовска крена раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И за неа да загинеш, пак од неа ќе засмрдиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заколете ја, слушам, ќе ни го засмрди вагонов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу народ се насобра на таа гола, мочурлива ливада што беше распослана покрај морето и обрасната со трње и со високи и остри бодликави тревишта и засмрдена од нешто гнило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)