заслужи св.

заслужи (св.)

Меѓу сите појави што го придружуваат движењето најголемо внимание заслужува руското “Владино соопштение” од 11 септември ов. г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде стани, доста си плакала. Не заслужува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вие сте заслужиле ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе му давам поголем дел, си рече, и не му подвикнувам како досега. Не заслужил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Лесно е, - велеше дедо Геро, - човеку да му напакостиш, па макар и кога заслужил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Знаеше: пред да му се предаде на сонот, на сите искинати соништа, ги фрли еполетите далеку од колибата. Не ги заслужувам, мислеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Првиот брза пред другите двајца: - Ја зобаш ти народната мака и на оро, си со брадестиот јарец талјански и швапски и со сите твои и заслужуваш да те избричиме под грло не како што бричи селскиот бербер Кузман па сѐ влакна бијат од лице туку ќе те избричиме јас Мушмула и Сотир ниедно влакно да не ја пробие кожата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не затоа што тие не заслужуваат доверба... И самите знаете каква личност е Ѓорче.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Бргу се повлече назад. - Готово, атентаторе! Го заслужи орденот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Појадокот нѐ чека“, - продолжи учителката „а вие денес навистина го заслужувате.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Заслужувам ли ручек? - Заслужуваш, - рекоа бабата и мајката, па и таткото и себеси си ја наполни чинијата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Заслужуваш јадење – заклучи таткото и ѝ тури на бабата полна чинија манџа со прекрасно парче месо. На Зоки му се наполни устата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- И ти заслужуваш јадење – рече таткото, па и нејзе ѝ стави полна чинија манџа и едно исто така убаво парче месо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Секој што работи против народот и земјава, ќе дојде ден кога ќе го добие она што го заслужил...“ Се вооружи кметот до заби.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мрмори во себе си а потоа и гласно: „За ова си заслужил - гаде! Многу ја имаш отпуштено опашката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одмавнува со глава и ја тера надвор: - Не барај го повеќе. секој ќе го добие она што го заслужил ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе