заслепен прид.
заслепи св.

заслепен (прид.)

66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во прозорското стакло удираат првите капки со заслепеност на предвечерни мајски бумбари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Погледнувам кон сведоците. Сега и тие со дигнати раце и со заслепени очи ги повторуваат зборовите на невидливиот судија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
4. ДАЈ МИ, БОЖЕ, ОЧИ ДА ЈА ГЛЕДАМ - и сите ѕвезди тоа боже зеници да ти ги всади нели е таа како сонце заслепен ќе си везден, а огнот љубовен, ко месец, ќе ти ноќева во гради...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Погледнувам кон сведоците. сега и тие со дигнати раце и со заслепени очи ги повторуваат зборовите на невидливиот судија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се гледаа широкогрби и со тапи чела на заслепени јарци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Истата соѕиданост во влакнестото тело, истиот рамнодушен подбив кон сѐ она што не е залак, истата упорна залепеност за тврдата почва по која се гази, со полунаведната глава, во потрага по храна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Застана изненадено како ноќна пеперутка, заслепена и привлечена од светлината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бев навистина поспана, заслепена, ниту за момент да здогледам или барем да се посомневам дека ни се прикрадува големото зло.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ошумоглавен и речиси заслепен, Петре наеднаш ја изгуби мислата по Бајазит.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
О, малку морфиум анестезија додека ти ја режат татковината на живо по којзнае кој пат овој пат дома - помрачениот ум реже заслепен од белината на светлината од себеси, Боже суетата е клопка осуети ја избегни го последниот чин на македонската мелодрама смени го жанрот направи нешто!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Имаше слушнато дека Југословенките и Унгарките во Идн Парк тајно зборувале за мистериозни магии и љубовни напивки, што ги маѓепсувале луѓето со силна љубовна заслепеност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но тоа беа денови на среќа кога ситните недоразбирања не се во состојба да ја растурат примамливата палата што ќе ја крене заслепеноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колку мужи и жени после 30 години брак благодарение на фантастичната Клеопатра открија дека нивните брачни партнери ги варале цел живот, а они биле заслепени овци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Сакаш ли да ме спасиш?“, јачејќи шепоти младичот, целиот заслепен од животот во неговата рана.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стоеше сама на патот, како заслепена утка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, ќе дојдеме до вистината за себе и ќе ја видиме вистината за светот и вистинското сознание за темелот на суштествувањето со неутрализирање на сопствените слабости и слепи нагонски сили, егоистичките тежнеења, побудите, рѓата, безумноста, импулсите на гревот и заслепеноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)