засебен прид.

засебен (прид.)

Ѝ определи засебна соба најудобно уредена; ѝ направи најубава облека, скапоцени срмени влечки, накити какви што имаше на времето најубави и најскапи и ѝ наложи на Ајша да почне со кандисувањето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Источниот крај на прилепската нахија е одвоена област со засебни планински граници, обрастени со големи борови и дабови гори, која се вика Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Објавени книги во засебни изданија Збирки раскази
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сиот е тука во засебна светлост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Всушност, внатре инфраструктурните правила на посакуваната поетика, нараторот ги пополнува `рбетите со контекстуални знаци и ознаки. Како и со знаци за засебните значења.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во ноември истата година се формира и СНОФ (Словеномакедонски ослободителен фронт) како засебна антифашистичка организација на македонското население од Леринско и Костурско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи секоја од трите супер-држави е неосвоива, секоја од нив е практично засебен универзум, во кој речиси секакво искривоколчување на мислата може да биде безбедно практикувано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Државата и општеството, претходно засебни, сега стануваат испреплетени.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)