зарумени св.

зарумени (св.)

— „Море утре повеќе ќе му пула да вида дали не ќе избега“. — И си отиде дома сета заруменета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа стануваше црвено, развлечено, заруменето, вистински празничен ручек, прстите да си ги лижеш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога запреа на самиот истек на реката од Езерото, во просторот каде што се мешаа бавните и брзите води, каде што се забрзуваше минливоста, на Исток небото веќе беше заруменето и окото на сонцето се одразуваше во сините води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ми се чинеше дека онака бледа, пеплосана, не ќе може да го стори тоа; но како што минуваа деновите, работата ја исполнуваше Луција и полека крвта ѝ се врати, образите ѝ се заруменија, погледот ѝ се избистри а модрите полумесечини под очите исчезнаа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Образите му се беа заруменеле, усните нешто шепоткаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неколку дебели жени со заруменети образи влетаа во салата за породување, носејќи букети цвеќе и бонбониери.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа утро ридот зарумени од изгрејсонцето, и најавуваше убав ден, ден над деновите, ден кога се роди тоа мало суштество, дар од боговите дар од природата мајка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)