заплашен прид.

заплашен (прид.)

Со неговата недоверба и со заплашеноста во него везден се мешаше и она неизбежно одушевување, без кое тој не можеше ни да биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Толе и Трајко излегоа од кулата, појдоа во градинчето, му го зедоа јагнето на Бендерот и му удрија еден дипшик, за да разбере и тој дека Толе Паша со дружината влегол во Старавина и ги опљачкал чорбаџиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој беше заплашен уште од млад: двапати го имаше удрено гром.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но таков беше, тврд и заплашен од жителите на Потковицата - да не му забележат дека, ете, се согласил да чува српски копилиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Финиот господин со долг, бел шал и мазно лице заличува на клошар, жената во години, со плашлива насмевка, на заплашена студентка. Свечената литургија започнува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Наплашен е човекот и не му се верува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Самосвесната софистикација на современиот интелектуален дискурс стои во јасен контраст спрема Мецгеровите субјективни „зборови“, емоционалните зборови што збунуваат, но коишто се непогрешиво стварни, директна експресија на замешаниот, страсен, лут и заплашен виктимизиран човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делкасе не криел дека бил „заплашен“ со интерпелација во парламентот за ерменските и македонските работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во море од брканици, по итаницата за спас, ко заплашени дечиња од рушевините на 12 катницата на силен земјотрес...со играчки во рака...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)