записничар м.

записничар (м.)

По некој ден од судот дојде градежен техничар, како вешто лице, и судски записничар. Извршија увид и направија записник.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Андерграунд уметникот не е инфициран од трикот на мудреците да им биде записничар ниту го интересира да биде апологет на нечија тиранска биографија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Меѓу неговите главни помошници се седумдесет и седумте џуџиња – советници, записничари, навигатори...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога нема верни записничари на историјата, а нив никогаш нема да ги има, овие судски записи остануваат најверната историја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Записничарот прочитал еден лекарски извештај, од кој се гледа дека Богданов се наоѓал во таква здравствена положба која што не му дозволувала да присуствува на пресудата184.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сè ова ми го кажа милиционерчето - записничарче со многу рамен глас кое инаку располагаше со прилично смирена и по малку болежлива фаца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во просторијата во која се врши советување и гласање можат да бидат присутни само членовите на советот и записничарот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Записникот, односно белешката за гласањето, ја потпишуваат сите членови на советот и записничарот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)