замука св.

замука (св.)

Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дури и кравата, како да се исплаши од нешто, ги наведна роговите и замука подмолно како земјотрес. – Ако некој ми вети нешто, тогаш мора да го исполни тоа ветување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)