замрен прид.
замре св.

замрен (прид.)

Хармоникашот зад нив допре со ковчестите прсти некаков остар и болен мол и го разбуди бревтањето на замрената локомотива зад станицата. „Во дворот на еден оџа власта денес откопала дузина митралези“, рече еден од браќата. „Затоа ноќе мачките лаеја како пци.“ Отец Симеон ги склопи очите и се заниша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Замрените секции од слободните активности - драмската, рецитаторската, литературната, брзо оживеаја.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
IV Јулски припек; низ денот врвеше голем оган од кои, воздухот трепереше; инсектите што прелетуваа светнуваа како потпалени и згаснуваа; селото беше пусто, замрено.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неповрзаност на резултатот: движење, одење право напред, па ненадејно повторно обземање од замрениот вирус на мрзливоста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во замрените гради на уплаканиот селанец тагата-ко новороденче сред бел ден, пустош,...гнезда испразнети...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но уште нешто, Не ме прославувајте постхумно Зашто славата од мермерниот споменик Ќе му ја препишат на некој прочуен вајар Јас ќе сум олицетворение на замрено славје Честитката вреди само кога в очи се гледа А замокот вечен со катанец беден, Се проголтал и се збришал, сал неколку слова...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И еден човек, човек без душа, човек без срце, без милост... само со глава, очи неверни, злобни и една младост распукната, младост замрена, и отисоци од црвени траги...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)