замаглен прид.

замаглен (прид.)

Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Другите, од тоа време, се такви или слични - искинати, замаглени, не сосем јасни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но има, знам сигурно, има:ајдучко детство во замаглен сокак. Крпена топка. Украдени праски.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако вашиот млад колега ме видел како капетан на брод и во битка со гусари, нема право во црно да ми го завитка разумот.“ „Мојот млад колега“, повтори старчето и ја сврте замагленоста на очилата кон Ивана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А веќе се смрачува пред него и се меша во замагленост и небото и земјата, и сеќава дека главата му се урива и во устата му крцкаат песочинки. И тоа е сѐ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Обично во запурничавите денови водата стоеше умртвена како израмнета пустина, замаглена и слеана со тмурната далечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лепливо се мрешка чадот и ја затестува сивкавата замагленост. И очите му бегаат надвор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледам и другарите тоа го прават: жулат со челото на дланките пред себе и скришум ги бришат замаглените очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На Чук Нам во Македонија во најголем казан му вареле јанија, во Србија ќебапи печеле, а од замаглената Британија со вагони бивтеци влечеле.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Угреа само в соне, во една замаглена злата, Кога догоруваше и времето и кога и земјата на прсти се дигна скрбно пеејќи врз нашата пепел клета: - За многаја лета, за многаја лета.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Дедо Стамен гледа низ замаглениот прозорец и им се радува на крупните снегулки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сане со ракав го брише замаглениот прозорец и го залепува носот на стаклото.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„Кинисала куса канделина да ми оди у Препреченка на гости во темни зори и магли замаглени; ја пречека тој Препреченко и ја праша: „Каде вака, куса Канделино?“ „У тебе на гости, брате Препреченко”, му рекла куса Канделина, да го видам кога ќе се роди татко...” Што е тоа? „Вошка!” „Не, искра од оган...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По многу години, некаде на залез, Студен ветер кога надоаѓа од замагледните ѕвезди Си легна тој меѓу своите момчиња Прегрнат неразделно со нив: како куршумот и раната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога ќе исчезнат конкретните облици, кога ќе се случи да блесне песната во нов замаглен предел, дамнешното кога ќе се престори во некој притаен порив по нешто што не се преповторува, видливото кога ќе се преобрази во одблесок на невидливо, ете, и во тоа е смислата на поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го поминав периодот на опседнатост со возовите, но се уште ме возбудува нивниот врисок, кога запираат или поаѓаат кон некое друго градско утро, во тешкиот, замаглен здив на железничката станица.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Се исправив кога површината на реката се ослободи од жолтите и црвеникавите дамки и, бришејќи ги со влажното теме ѕвездите од чад и замагленост, му се вратив на градот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Никако не можел да го заборави умирањето на момчето со крвава уста додека самиот лежел во заседа и со кубура чие значење во почетокот на битката не го знаел или не сакал да го знае: свеќите на неколку животи, почнувајќи од оној здрав старец со мустаќи, догорувале пред неговиот замаглен поглед.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можев да не се свртам. Забелот сега беше поинаков, згуснат и замаглен. Онисифор Мечкојад не стоеше меѓу стеблата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе