залее св.

залее (св.)

По тоа одеднаш, како да излегоа од тунел, кога испловија на широко водно пространство, ги залеа светлина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе седи, седи, ка ќе виде оти вода нема, истерисмес, ќе стане, ќе залее, оти сака да се напие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде, време е, ќе најдите навале, та ќе залевате до стари вечери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, одненадеж го залеа врелина, во главата му навлезе оган.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледаше лице на момче залеано од виделината што паѓаше од високиот прозорец и од тоа изгледаше тенко и бледо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога татковиот укор ќе го жегне, тоа негово лице се залева во нечиста црвенина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само праската од Билјана секогаш беше залеана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еден ден, кога веќе размислував дека треба да ги залевам сите дрвца во дворот, останав изненаден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сето ова може да се залее со чорбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И лазиш ко ѕвиждалник по земјата, а на земјата мислиш дека поминала некоја речна матица и дека се покутнала, раскорнала, раскопачила и залејала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Доаѓа Голема Богородица, како што рече онаа жена, големиот празник, и зарем не би било најдобро токму пред празникот да се залее првата кофа!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)