закупи св.

закупи (св.)

Таа парцела во гробиштата во Бристол Илко ја закупи со госпоѓата Ана што ја запозна во бањата во Бристол каде што се лечеше од реума и која го зеде да живее кај неа и која го засака толку што не сакаше и по смртта да се раздели од него, та закупи парцела за гроб и за неа и за него - еден крај друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Откако еднаш одамна, во 1802 година, тој, Ѓурчин Кокалески, познат мијачки сточар и трговец, почитуван дури и на дворот на Махмуд II во Константинопол, ја закупил заветрината од Акиноските, неговите потомци не престанаа да доаѓаат тука на зимување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)