заколне св.

заколне (св.)

И затоа нека во верност се заколне секој, нека се заколне дека не ќе врши грабежи, се дури постои веков, во намачената Река.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И откако дадоа збор Арнаутите, секој од нив се заколна дека не ќе врши грабежи, се дури постои веков, во намачената Река.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не си ли ти истиот оној кој се заколна, а ги заколна и другите, да умираат еден за друг додека не изгрее сонцето на слободата над оваа ропска земја?!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Светлокосиот се тргна од мисли и се сврте, го изгледа за миг и рече остро: - Заколни се дека нема никому да кажеш?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Се заколнувам.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сакав да им кажам дека светот ќе биде обеспокоен од писмата на фантомите од подземниот град но на Кузмана му се заколнав дека ќе молчам и јас молчев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пред началникот Јован, како и Бино, плукна на бугаршчината и се заколна на верност краљу Петру I, за кое веднаш стана општински шумар на оној ист свој реон во којшто брка комитаџилак тринаесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Море, ќе седна кај Арслан шо седеше, макар да знам и ќе се поѓупча, не само шо се посрби!“ — се заколнуваше Јован и се гледаше да му подметне нешто на Бина за да го турне од мудурскиот стол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали беше правилен неговиот избор на оваа висока положба или не, не би можел човек да се заколне, но на дела докажуваше дека ја заслужува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И се заколнав: во мавтањето нека ми одлетаат рацете од рамо, но стихови веќе нема да пишувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Првиот услов тука го исполнија. Се заколнаа дека го напуштаат Ристоса и му се поклонија на Мухамеда, менувајќи ги своите имиња од Јане на Јунус, од Рампо на Рифат; а за вториот услов Аџи Јане – Јунус бег, предложи да им се остави рок од месец, два, најмногу до Митровден, работата ќе биде свршена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ беше разволнувано: прегнуваше, заколнуваше и ја опијануваше душата... А клетата Бимбила... - Невесто моја...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ние се заколнавме да загинеме заедно со оние што ги разнесоа бомбите. - Е, ние не загинавме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Др-др, др-др, се заколна, а сега се кочопери и ни плука зајадливо в лице...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Тогаш заколнете се дека ќе го почитувате ова што го чувте.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој ќе треба да се заколне дека ќе се придржува кон сите точки што тој ги предвидува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И се заколнуваше повеќе да не му јавува за свадби.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе