заканува (несв.)

Мартин, налутен, си отиде заканувајќи се: - Ќе види тој!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Германецот бара да престанете со пеењето. Ноќеска го убиле брат му кај бензиските складишта. Заканува, ќе пука.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби во себе и сам со себе зашто живееше за двајца и во него живееја двајца: едниот ноќе се закануваше, другиот наутро патеше од тие закани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Имам впечаток дека е таа наполнета со олово - се ниша, тежи и се заканува да падне в прав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од далечина се закануваше автомобилски мотор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодрував: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ми поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и со ками.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ѝ се закануваше со сила да ја обесчести, но таа со два збора му одговори: – Ако не ти е мил живот, де бакалум!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Девојки што од срам не можеа да погледаат човека в очи, корнеа камења од калдрмата, решително им се закануваа на суровите и мрачни полицајци, кои дојдоа со штиковите на пушките, пред куќата на протиница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му ја треснала вратата и излегла заканувајќи му се со бастунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жал му беше за невиното сиво гулапче што стана плен на јастребот, и ги стегаше песниците, заканувајќи му се на крвожедниот воздушен разбојник.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Отпрвин се лутеше, грубо им се закануваше. Потоа свикна со нивната упорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас ќе одам дома и сега ќе се обидам да те поминам. Не беше никакво заканување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од своето дрво сега можеше да им се заканува на сите оние растерани дивинки, кои мораа да го остават мирен барем малку време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се закануваше и молеше, се довикнуваше и се одзиваше, се повикуваше и премолчуваше, а сеедно остануваше да пишти, да вреска, сета таа единствена глутница, која заедно бараше некој одговор и заедно остануваше без него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се вртат и другите. Учителот нервозно ги смуртува веѓите и со прст му се заканува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но и најслабите професори клас не повторуваат, само понекогаш децата со прст им се закануваат: - Помалку топки, помалку шетање, денес сте пак слаби по историја и сметање!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ја чувствуваше опасноста што му се заканува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сигурно негде по високите планински врвови, кои уште од есента беа забелени, ноќва напаѓал нов снег, па неговата студена миризба се шири по планината, им се заканува на сѐ уште црните ридови, кории, долини.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш елате! - им се закануваше момчето на невидливите волци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе