закана ж.
закани св.

закана (ж.)

Со закана во гласот тој уште еднаш го повтори прашањето и јас безволно одговорив: - За книги. Ме праша што читам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сериозноста на неговата закана ја узнав подоцна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Птица устремена. Стрвнина. Исправен нор со закана .. Глуне езерска поврвнина, модра од тага, исплакана.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Се обиде последен пат да стане. Го издолжи лицето и покажувајќи ги како во закана ретките заби, се смири.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Четворицата останаа глуви за неговата сила и одмаздничка закана.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Шумата се згрчи пред болката на царицата - во тоа завивање беше скриена и онаа закана што се јавува кај волчицата на плодење и на умирање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа и не забележа. Колоната полека заостануваше, се разредуваше и нескладно се збираше а во својата безгласност на стара хармоника со закана шушкаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А не знаев, никако не знаев дека сите некажани приказни ќе ги стопам и ќе ги излеам во нож, во остар челик, во закана.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби во себе и сам со себе зашто живееше за двајца и во него живееја двајца: едниот ноќе се закануваше, другиот наутро патеше од тие закани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Луѓето отапуваа и немаа разбирање за ништо. Природата ги опоменуваше, нејзината закана висеше над нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иванов, за мене, веќе смислува нов Ѓорче Петров, го именува веројатно Димо Хаџи Димов или кој знае како, и се готви, веќе утре, да ми го порача мртов, со истата закана - ... дека ако не отиде главата на тој нов Ѓорче, ќе отиде - мојата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во неговите песни извираше и се разлеваше гнев, закана и верба на луѓето од неговата земја, оставена далеку зад морето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја слушнав и караницата меѓу вас во оние денови кога ја натеравте тоа да го чини; таа ти се спротивставуваше, плачеше, паѓаше во несвест, но твојот бес и закана ја тераше да попушти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ГУЛАБИ Јатото гулаби наеднаш пркна од дворот сини диви исплашени не од истрел ни извик детски ни закана.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На тоа, на заканите од странските чети, не се обѕрнуваа само Акиноските, веројатно зашто се чувствуваа силни, зашто беа многубројни, заедно со луѓето кои живееја на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На христијаните во Турција, под закана од казна со смрт, забрането им е да носат оружје, но, зашто се постојано изложени на грабежи и убиства од страна на муслманите, сите тие носат оружје.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
6. Внатре, пак, во Потковицата, иако не без ризици, сепак нормално, човешки, пеша, на коњ, или со запрежно возило, моторни, освен трактори и џипови, не одаат, без попусти напори и закани дека, ако се намериш преку ридиштата, ќе се зацапаш во блатата и мртвиците, може да се влезе, и да се излезе од неа, само по два пата - по Пазарџиски Пат и по Голем Пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кукулино, пред тоа, преку ден, старо и истоштено пциште без живот и инстинкт да се одржи, сега е ѕвер што блуе од себе пламен и закана за набожниците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе