зажали св.

зажали (св.)

Кузман не зажали многу за Пенча кога чу дека татко му го одвел со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Добро, синко... Што можам да правам, кога од тебе не можев да направам наследник во трговијата, - зажали татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И ќе зажалиш таму за оваа наша планинска миризба, - рече Кирил, па ја опфати со еден поглед долината и ги рашири ноздрите, напнувајќи ги градите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но многу од луѓето зажалија за дождовите, зашто никогаш така во животот не се изнаспале.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако мора веќе да се напушти животот и притоа да се зажали само за музиката и сонцето, и тоа прво за музиката а дури потоа за сонцето – значи тоа е безалтернативно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сега веќе зажали што е писмен само на еден јазик, што не ги научи јазиците на другите балкански народи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му го познавав добро табиетот, и знаев дека нема да се откаже; во еден миг, веќе зажалив што повторно се сретнав со него, и реков: „Добро. Но само четврт час“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па најпосле, признавајќи си дека и тој е уморен како загар, легна како клада и зажали што место мртовечкиот покрив на шаторот не го гледа барем отсечокот на небото што му беше даден и во чие бледо мижуркање на ретките ѕвезди можеше да се замисли некоја желба што ќе ја изгасне првата стрела на сонцето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога врвеа по улицата од Бит Пазар до Чаир, притисната од двете страни со ниски куќарки што одвај ѕиркаа врз ѕиданите огради, полна со деца и жени повеќето наврени во шалвари и понекоја со црн зар преку лицето, сурати што не наликуваа на Македонците, Пелагија зажала што Мурџо не е со нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дали Акакиј Акакиевич ги слушнал овие за него судбоносни зборови, и ако ги чул, дали тие оставиле врз него потресен впечаток, дали зажалил тој за својот макотрпен живот, ништо од тоа не се знае, зашто тој постојано имаше огница и бладаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Климент Камилски во мигот зажали што токму тој не го читал предговорот на Вук за турцизмите, макар што ја поседувал оваа книга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)