загрозен прид.

загрозен (прид.)

СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бојан се надеваше дека барем додека е ден не ќе биде загрозен од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Згрозен сум и му велам: - Човеку, што стори!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму во овие загрозени слоеви противмерките како што се образованието и лекување на наркоманите даваат најмалку резултати, а општествените мерки и можностите за позитивни промени се најслаби.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа мора да го стори ова не само поради тоа што сето она кое желбата сакаше да го оттргне од говорната игра одново се враќа во неа, туку и поради тоа што истовремено, и самиот говор се наоѓа загрозен во својот живот, изгубен, отсечен, поради тоа што повеќе нема граници, препуштен на сопствената конечност во истиот миг во кој изгледаше дека неговите граници се бришат, во истиот миг во кој престанува да биде сигурен во себе, опфатен и ограден од страна на бесконечното означено, кое изгледаше дека го надминува. 50 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Ние сме загрозен вид, единствен за којшто знаеме дека претставува непосредна опасност по сопствениот опстанок”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така уметникот никогаш не е загрозен од свињите зошто неговата сублимација во голема мера го надминува творештвото на свињите (фабрики за измет); напротив: свињите се тие кои се загрозени од делувањето на уметникот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога лутината што нѐ обзема е света, покажуваме дека сме подготвени в миг да го голтнеме повикувањето на толеранција и во другиот да го исплукаме она во што навистина сме загрозени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беа атавистички загрозени најголемите вредности на Албанија низ историјата: толеранцијата и верската хармонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој до грло е во него, неговиот повик е повик напомош на загрозениот, егзалтиран гест на некој кој во очајание се брани.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, пази добро, горилата е сексуално загрозен но не и манијак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Загрозеноста на животот на целото општество дојде до онаа граница кога е неопходно, НУЖНО, да се разбуди јавниот граѓански морал, сите разумни без скрупули да истапат, секој од она место каде што се затекнал, сите заспани и застрашени морални императиви одлучно да се разбудат во секој оној што себе си се смета за морално суштество, коешто мора да го дигне својот глас против изолацијата и војната, за мир и соработка со светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веќе нема никакво оправдување за тоа молчење на многумина, бидејќи овде сега најдрастично е загрозен секој човечки морал - со неморалот што се спроведува „во име на нацијата и народот”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А и на обете страни од границата беше загрозен патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, мигум ги издвојуваше најважните предмети кои можеа да се решат во полза на загрозените клиенти, а преостанатите ги оставаше за други времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, беше подготвен за секакво жртвување, дури и на животот доколку беше загрозен оној на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури и при самата помисла, дека би можел да се послужам со итрина, се чувствував загрозен“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Настаните што се случија во Солун - пишува Готје - уште повеќе го зголемија немирот на битолското население, и тоа е повеќе од секогаш убедено дека градот, со оглед дека е седиште на главните членови на Револуционерниот комитет, е загрозен, и тоа многу скоро, од катастрофа пострашно од таа во Солун“140.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе