загар м.
загарантира св.

загар (м.)

Кршка лево, кршка десно, ги подлажува дека се вратил кон Градешница, но сега загарите не се подлажуваа со лисичината опашка, бидејќи и селаните правилно ги известуваа за Толевото движење, та не го оставаа ни да се издише.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна да одгледува разни сорти кучиња: овчарско, миник, загар, лангач.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тука е и загарот од Андрета Шапандрикот, кој може и дома, под трпеза, да ти скорне зајак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие секаде се зад тебе, по тебе. Се задеваат, кљавкаат. Загари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почна да трча од одделение до одделение, да душка како загар, проклет да бидам, како загар, да се загледува во секое лице со таков израз како да препрашува: - Ти, скоте, тука ли си, во стројот, !
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Како загар се вртка секаде, - рече Нумо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не настрадуваа само житјата и бавчите, туку и овчарските кучиња: ќе се здавеше некој овчарски пес со нивните, со `ртките и со загарите, а тие ќе го земаа на нишан со пушката и наместо мртов ќе го оставеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Дојди. Слушаш ли загарката веќе не квичи. 'Ржи, се оѕверува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Загарка, велиш. Слатко ќе и ги прегризам вратните жили. Со сила на рис ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Валјата имал некој опасен загар што можел да намириса секаква трага од лиот или дивотина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сигурно му го препозна гласот на загарот што ја имаше бркано.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како навлегуваше во сивиот мрак, така му се изоструваа сетилата за мирис и слух: испарувањето од мочката на ноќните грабливки и од крвта на нивните последни жртви, трепетот на листот што паѓа и зуењето на невидливите инсекти не го оттргнаа од главната трага што ја следеше како извежбан загар.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Освен тоа, Едо во очите ѝ забележа вознемиреност на затаен зајак пред очекуван лавеж на загар во близината.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Па најпосле, признавајќи си дека и тој е уморен како загар, легна како клада и зажали што место мртовечкиот покрив на шаторот не го гледа барем отсечокот на небото што му беше даден и во чие бледо мижуркање на ретките ѕвезди можеше да се замисли некоја желба што ќе ја изгасне првата стрела на сонцето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еленот на едната, загарот на другата страна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Искачи се на врв- себе и повлечи се во подножјето има плодни почви јаболка кои мирисаат на магдонос и нане поради долгиот престој во ист сад зборови кои се припикнуваат во пазувите -мажјаци скокотливи, полнозначни, семеносни- глетки кои трчаат по тебе како верни загари времиња кои те опоменуваат обѕрни се, објави се но не застанувај што погоре, толку подоле она што во себе го имаш единствено го имаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)