завлечка св.

завлечка (св.)

Глигор го завлечка Арса во оддалечениот агол, до разурнатиот оџак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но јас мислам дека ќе ти биде полесно да се завлечкаш по некоја малку помала, малку поситна дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една ноќ додека туриваше како да беа распукани небесните мориња, Трајан се искраде до шумичката, се завлечка во неа и се најде отаде границата - на грчка територија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не мрда, не зборува, завлечкан е некаде далеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој испукува со пушката во шумките, во празно. И јас одново потрчувам, се лизгам, се завлечкувам. 66
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние ги фаќаме за нозе, за ногавици, ги завлечкуваме назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде секој нека се присети колкупати одложил некоја работа, колкупати задоцнил некаде, колкупати завлечкал нешто и колкупати задачите му останале несвршени.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Па и оние остатоци: претрупените раце и нозе, завлечканите и смачкани трупови, истурената крв во тревата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе го завлечка некаде во леите, зад грмушките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги завлечкувам нозете во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледај разумот и чувствата да ти одат заедно како впрегнати во плуг; ако секој завлечка на своја страна - душата се разнебитува”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Елените завлечкаа, застанаа како вкочанети.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зар немаш никогаш насетено како твојот сопствен ум има намера да те понизи, да те завлечка во матните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа препречена брана, брана накосо поставена, за да се одбрани од сето она што животот го носи, од бурната животна река, големата вода, која ако не се одбрани, човекот ќе го завлечка во лош правец.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ќе ти кажам јас зошто, ако те завлечкам в участок, - си промрмори старшијата под нос.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)