заболување ср.

заболување (ср.)

Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бањите лекуваат и криви и сакати, ревматичари и болни од други видови заболувања.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Личноста на Олдос Хаксли, филозоф и мистик по лично убедување, човек чиј вид сериозно бил оштетен со долгогодишнто неизлечиво очно заболување, била како создадена за мескалински визии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
После тој период, таквото чувство станува критериум за утврдување на ментално заболување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сето тоа доведе до денешнава состојба, кадешто е евидентен јазот меѓу она што ѝ се соопштува на јавноста и она што извршителите го прават по повод контролата на менталните заболувања.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Лајм заболување“, рече таа. „Лајм заболување.“ „Се шири со каснувањето од крлеж. Тие се плеткаат низ тревата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Чагас заболување“, рече таа насмевнувајќи се и широко откривајќи ги своите големи и совршени заби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Загаден воздух - главен виновник за порастот на заболувањата на дишните патишта!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мојот другар специјалист за чудни болести, спокојно ме ислуша и на тоа рече: „Тоа е тешко заболување, но сепак, надежно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
5. Беа воведени и промени кај веќе постоечките видови работни односи: а) Во врска со одредбите што се однесуваат на статусот на приправниците, со ЗРО (1993) се избриша одредбата на ЗРО на СРМ (1990) која велеше дека приправникот кој врши волонтерска работа има право на здравствено и инвалидско осигурување, за инвалидност и телесно оштетување предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, како и право на соодветен паричен надоместок за вршење на работите и задачите утврдени во општиот акт, односно колективниот договор – на товар на средствата на организацијата надлежна за работите на вработувањето (чл. 5, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно ова, во побарувања од повисок исплатен ред спаѓаат нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните три месеца пред отворањето на стечајната постапка; обештетување за повредите при работа кои што работникот ги претрпел кај должникот, како и за професионални заболувања и неисплатени надоместоци на платите за времетраењето на неискористениот редовен годишен одмор за тековната календарска година (чл. 117).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, со ЗПИО се пропишуваше исплата на паричен надоместок за помош и нега не само за пензионерите со здравствени проблеми, туку и за лицата кои засновале работен однос како слепи, заболени од дистрофија или сродни мускуларни или невромускуларни заболувања, церебрална или детска парализа, параплегија, како и други заболувања или повреди поради кои не можат самостојно да се движат додека се во работен однос или таквата неспособност кај нив настанала во текот на траењето на работниот однос (чл. 89, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како повреда при работа се сметаше и заболувањето на осигуреникот што настанало непосредно и како исклучителна последица на некој несреќен случај или од виша сила за време на вршењето на работата или во врска со неа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понекогаш мислам дека тоа треба да се вброи во некој вид душевно заболување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)