заблагодари св.

заблагодари (св.)

Доста просто занеме и не знаеше дали да ја кара невестата Тода или да ѝ заблагодари за пријатната новина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Без да ми заблагодари ги зема парите и стои нерешително.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој им се заблагодари што го избраа и во оваа година, им напомна дека по ослободувањето на Анѓа кадијата сигурно ќе ги нападне, та според тоа им претстојат тешки борби.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со почит му се поклони на пашата и му го даде прстенот. Овој со поглед ѝ заблагодари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„А сега заблагодари ѝ на тетка Стана, зашто таа ти помогна.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Жената му се заблагодари и одвај, носејќи ги чергите, го мина мостот на реката Вардар...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од песок, од ветар, од темница и од жед многу ми се спиеше и јас заспав, заборавајќи да му се заблагодарам на пустинското дете што ме возеше на камилата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И пред да му заблагодарам, тој излезе затворајќи ја вратата зад себе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Скараните мечки првин се погледнаа непријателски, потоа се насмевнаа, му се заблагодарија на судијата и заминаа кон пештерата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа ми беше необично, а и малку незгодно таа да ми ја носи чантата, но, пред и да успеам да се заблагодарам и да одбијам, чантата веќе се наоѓаше во нејзините раце.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Откако им се заблагодарив на вниманието „Мерцедесот“ даде гас и се загуби во густиот вриеж на париските автомобили..
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, сѐ едно, јас му заблагодарив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таква опасност постоеше особено кога Турците ќе загазеа низ делот од полето што го обработуваа Дамческите, а што не доаѓаше до сфатка, и едните и другите имаа да му заблагодарат само на непознавањето на силите на противникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ти се допаѓа, нели - се насмеа бабичката. - Земи си пак, ако сакаш. Зедов уште малку и ѝ заблагодарив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас ѝ купив,- продолжи црнокосиот на кого што името многу му одговараше, - а, таа за да му се заблагодари ме покани дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се израдувал Итар Пејо, му заблагодарил на човекот за добрината, се качил пак на едното од нив и си свиркал од радост и ги терал магарињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе