забелешка ж.

забелешка (ж.)

Ќе речат некои оти културната работа е возможна само кога има политичка слобода; без неа таа е невозможна. – Вистина, во таа забелешка има еден дел вистина, но само еден дел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако ќе се избере наречјето што има да биде македонски литературен јазик, ќе треба да се разгледа и, прашањето за македонскиот правопис. За правописот како и за правецот на нашето културно развивање, ќе треба тука да се направат неколку забелешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие негови чести забелешки ме натераа директорот на гимназијата да го гледам како дибек во широко, црно палто и во риги црно-бели панталони: дибек - со окалки на остриот како молив нос под кој висеше правилен црн квадрат на светкави мустаки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Заѕидано дрво во ѕидот сугурци — завиткана коса — локни на српски тагар — сад за брашно како ситото и решетото што е само неиздупчен таим — следување, оброк на војниците такам — 1) руба, 2) спрема за куќата, за добитокот итн. такцир — несреќа татки — понатака тезгере — направа за фрлање ѓубрето од дома тек лав — пререкување теклив — забелешка. Не ти фаќам теклив — не ти правам забелешка текна — се сетив тешка (жена) — бремена тизап — киселина за вапцување тисов — столче од тисово дрво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Неподносливи огнови: од неа никогаш и ништо не измами весел извик... За сѐ имаше таа своја забелешка. За сѐ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: Жалам што морам да почнам со забелешки. Повелете, седнете.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Зашто дома имаме дежурна и може да ви направи забелешка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јазикот на поетското писмо „За разлика од музичката писменост, вели О Мандељштам, од нотното писмо на пример, поетското писмо во значаен степен престставува голема белина, отсуството на многу знаци и забелешки кои се подразбираат и кои единствено го прават текстот сфатлив и законит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Поскапи сте од лани! - им велам. На оваа забелешка не ни одговорија, се правеа како да не нѐ разбираат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Го знаеме тоа, вели Захаријадис, имаш други забелешки?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Имате забелешки? — Тие и тие, им кажувам со помислување, со почекување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со други зборови, како што беше речено во моите воведни забелешки за феминизмот и модернитетот, феминистичката теорија како философија на полови разлики го пронаоѓа поимот за жена како историски есенцијален токму во оној период во историјата кога овој поим е деконструиран и разнишан.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Секогаш треба да си спремен за чудовишта во животот“, запишувам со мисла дека сум направил навистина прониклива забелешка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
23.00 Час подоцна пребарувам по парчињата хартија лежејќи на мојот кревет и ги читам овие забелешки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Едноставно, јас ги засновав моите забелешки на размислувањето што го направив кое е засновано на погрешното читање на нивното дело. ***
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој ја отфрли нејзината забелешка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исчезнуваа имиња на улици заменувајќи се со нови, имиња на плоштади и градови, исчезнуваа фотографии и забелешки во енциклопедиите, исчезнуваа луѓе, исчезнуваше една митологија и се заменуваше со нова, исчезнуваше една земја и се заменуваше со нови, исчезнуваше едно време од педесет години...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе