забавува несв.
забавувач м.

забавува (несв.)

Пенчо се понаведна кон мене; забавувајќи ги чекорите се насмевна од краевите на немирните очи. Црвено ме гледаше, црно говореше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој најревносно се забавуваше. Како да сакаше да го надокнади сето она што го пропушти!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Грубо и весело ги одбиваше тој тажните исповеди на Арсо и го забавуваше со интересни истории, не оставајќи го да се предава на своите нездрави размислувања.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Почна да се забавува со барање погодно камче што би го ставил во кутивчето што го немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Луѓе како луѓе, се жалат, се караат и се забавуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некој влечка, забавува, неодговорно се однесува, нема почит кон времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но бичкиџиите, од жал или од грев, само ја забавуваат пилата, му го продолжуваат стравот. На Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека во голема мера аполитичката глетка на разноликост продолжува некого да забавува, а други да иритира, чекорот наназад е веќе направен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Знаеш, обично јас и Том се забавуваме со еден вид на игра.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Толку го погодило тоа кога чул дека жртвата бил Кенеди, што веднаш отишол дома; а сега сакаше да знае како јас можам да бидам толку мирен, иако сум му ја раскажувал приказната за Индија каде видов многу луѓе како лудо се забавуваат бидејќи починал некој што навистина многу го сакале, и дека тогаш сфатив дека всушност сѐ зависи од тоа како ти самиот ќе ја прифатиш ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Ви пожелувам уште долго - долго време да нѐ забавувате со вашиот прекрасен женски талент.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во 21-от век, старите Јудео-Христијански-Муслимански секти сѐ уште ќе бидат наоколу, но ќе имаат мала моќ во споредба со забавувањето и уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ескимите имаат свое време на “палење” кога во текот на краткото лето племето се собира за да се забавува низ оргии.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Забавувајќи го возењето, немој случајно елените да ги испокршат нозете на леденото стакло, Дедо Мраз повремено довикнува: - Не е уште!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Брат ми Ристо и сестра ми Лена заедно со снаата имаа маса негде во задниот дел на салата, а ние учениците ги забавувавме гостите со рецитации и хорски песни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ти сакаш да се забавуваш, „тие“, што значи Партијата, сакаат да те спречат во тоа; ти ги прекршуваш правилата колку што можеш подобро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тогаш ненадејно, без ниту еден изговорен збор, без забавување на чекорот, без помрднување на ниту една црта на неговото лице - маската ненадејно ќе падне и трас!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не беше штосот во рингишпилот туку во една финта што таа ја имаше смислено за да се забавува: како да се возиш колку сакаш, а само еднаш да купиш карта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Девојчињата сакаа да се забавуваме, ние им рековме да нѐ чекаат вечерта во еден клуб, дека сигурно ќе дојдеме, јас се качив на моторот и тргнавме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК