забава (ж.)

Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За прошетки и забава избираше места и друштва каде сигурно знаеше дека нема да ја сретне.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Музиката и желбата за забава ги бришеа овде бргу разликите меѓу луѓето дојдени од сите страни на светот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се остави да го фатат и да го доведат овде за потсмев и забава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Веќе две години, откако поизрасна и откако со скок успеа за првпат да се фати за гредата, оваа вежба му стана омилена забава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
... Во последно време на Полин најомилена забава му станаа мачките; шеташе по бавчите, по дворовите, по плевните, по ѓубриштата и гледаше да вчапи некоја мачка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Инаку, што се однесува до забавата, овде има многу масовни манифестации од различен вид.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Келн под мостот на Рајна има свои привлечнисти, зашто овде многумина се собираат, за разонода и забава со герлите, кои овде се среќаваат на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу другите забави Софија што ги имаше во почетокот на ова лето, посебно интересирање предизвика необичната парада на ветераните од автомобилскиот свет - стари модели на „Мерцедеси“, „Буици“, „Фиати“ и други.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Види ги ти нив, - си мислев, - како убаво се разонодуваат, како да се на забава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одиме вечер на забава, - и мина со прсти низ косата, која убаво му паѓаше врз челото, а од страните му беше залепена од желето што го употребил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Притоа готвачот го истренира парчето месо да го фаќа в уста, да скока нагоре кон неговата рака, да му прави задоволство и забава.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Да... Општествена свест... Кога бев во коњицата, одев на ловечки забави кај кнезот Орлов и војвотката од Изес; ги држевме офицерските коњи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште сакав да верувам дека сето тоа е игра и забава на извртените трговци со ништо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А и која е таа забава да го гледа Дики како се претвора во курва!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
2 Поедноставено, популарната култура стои во служба на принципот на задоволство (бил тој проста популистичка забава или некој посструктуалистички јоуиссанце), и се однесува на многу аспекти на ова задоволство, на прашањето на телото, но и манипулацијата, консумеризмот и воопшто - моќта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па и самиот Оддел за документација беше само еден огранок на Министерството на вистината, чија примарна задача беше не да го реконструира минатото, туку да ги снабдува жителите на Океанија со весници, филмови, книги, телекрански програми, драми, романи - со секој можен вид информација, упатство, или забава, од статуа до слоган, од лирска поема до биолошка расправа и од детски буквар до новоговорен речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеше цел еден синџир од департмани што се занимаваа со пролетерска литература, музика, драма и воопшто забава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така ѝ стана јасно - неговите родители очекувале дека ова поврзување на нивниот син со туѓинката ќе биде обична забава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК