жолч (ж.)

Но човекот во рамката веќе му се вклопува во мислите, пали во нив немир и жолч.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вислицени зборува, Мајснер се смее од името на Максимилијан Мертен, а Корец не им верува на ушите.  Дојде време да ја проба и таа чаша жолч: достоинствата што толку грижливо ги градеше и функциите што за овие десет години ги акумулираше, ги поврати и ги пазеше, одново да почнат да му се одземаат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
1. Грозна смеа Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч изречи ја славно на смртниците поругата, подбивот и јамбот, отровниот рев шегата пој ја на раѓањето и смртта маската, порокот и гревот опиши го, Вечна, на киклопот кикотот кркорот на крвта во обрач од стих завиено и сласно растури го кругот, барутот, чаурата со метар, а безмерно смерно во речта магично обратена,17со очи на тилот во стар образ, а со друга вера - кој прв спомна на Бога Име небаре ќе го снема ако не има во времето знак да биде освен вера, завера освен пат и бездна отсутен а присутен по севезден ѕвезден?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)