житен прид.

житен (прид.)

Онаму, каде завршуваа жолтите, плодни житни полиња, започнуваа прекрасни, непрегледни маслинови гори.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мегалон, затворен во својот прекрасен дворец, од утро до вечер сметаше и пресметнуваше колку пари ќе му донесат неговите житни полиња, неговите маслинарници, неговите бродови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не припаѓам тука. Ние сме ти како житни зрна ставени во кошот, над каменот што ги меле и нема враќање назад...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги меша житниот корен со семето од макот и од езерските дланки вечерната ѕвезда ја ближи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ме научи сам да си правам свирчиња од житни класја, да измислувам свои инструменти, своја музика...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
КАКО СЕ РАЃА ЛЕБОТ Во полето, ќе рече секој од вас, на нивата, во житниот клас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пролетната 'рж и пченицата тајланка, како што ја викаа селаните, ги сотре житна пепелница.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се тешиме со фактот дека можеби аполитичноста (која е неизбежна социјална последица после вакви енормни порции политика што ги консумиравме последниве години) повторно ќе ги натера луѓето да се бават со својата најнепосредна околина, земајќи го од социјалистичкото минато она најмалку лошото: презирот и игноранцијата спрема политичарите сфатени како некакви хипер-прилагодливи стаорчишта што ријат по житните амбари и повеќе наликуваат на елементарна непогода отколку на „мафијашка структура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа гранична линија никогаш не успевавме вистински да ја видиме, еднаш беше под водата во Езерото, друг пат на планинските сртови, па во позлатените житни полиња, помеѓу двата брега на реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Косата ти е остра ножица од житни стебленца со кои го попресечуваше ветерот да не те краде од мене;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Се согласија за заемките од областа на флората (овошјето, зеленчукот, дрвјата, цвеќињата, индустриските и житни растенија) да реферираат обајцата, имаа најмногу податоци особено за лековитите билки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)