животно ср.
животност ж.

животно (ср.)

Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тамо имало едно големо блато и во блатото илје и милје имало жаби и други водни животники, тамам за штрковите гозба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Летале што летале и приближиле до некое краиште од земјата, слегле и си починале, си попасале тамо троа тревичка, чунки такво било местото што немало никаква животинка рана за штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дел од кошулата расип — вода за растур раст — храст, ситна шума ресен — веленце со реси, тулбен, шамија со реси реченија — судбина решме — женски накит од многу срсбрени пари нашиени на подвески ромак — болно, обично криво животно кое дома се храни и пои ронкарка — метла со која се метат ронките 'рслан — лав 1) Во преносна см. син како лав рувет — носија рута — награда за трудот што го дава човек на човека, чорбаџија на момокот саватлија — прстен сребрен со монограм саѓиа — женска облека до над колена со кистови сајсана — добра кобила, атица сакма — машка долга облека, дебела место долго палто сак'н — немој сакуле — малечко торбиче светилник — железна направа со венец на која се клава боријата да свети сврчок — ѕадникот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Стига само да знае како живеат и што мислат животните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Заводничка гордост набабрена од животни сокови. жените со такви бегаат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Понекогаш, во својата нежност, старецот премногу го ценеше животното верувајќи дека тоа му ги разбира зборовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага ни на едно животно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од храна од еден ’ржан леб и сол овие двоножни животни за друго не знаат, а за облека никој не мисли.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Поетично се изживуваш, животно, стануваше незадоволен од себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Личеа на расчеречени скелети од некои огромни, препотопни животни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во дни, нејаки од жештина за да се скратат самите себе, козата на некој железничар, ојарила на среде улица животинче со две глави; на стаклата на градската аптека се појавила богородица, гола и со шашливи очи; еден старец по трет пат се разбудил во својот живот со млечни заби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се наоѓа како во какофоничен хор, се збираа ноќни вресоци на подивени птици и животни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо, со чувство на омраза, но внимателно, ги рони полепнатите пластинки земја од цевката која како сиво подземно животно лежи пред него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега да почнеме со лебот и сирењето. Арсо, со незадржливиот нагон на гладно животно, откина јадар залак. Другите веднаш му се придружуваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Добро дојде, еј ти, - му се смееше сега на она животинче пред себе. - Та довлези внатре, не срами се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога мислеше дека ќе има доста вода за едно такво ситно животинче, тој почна да се спрема за пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како се вика ова животно? – и таа му покажува на лисицата до која застанаа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК