живејачка ж.

живејачка (ж.)

5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
7. ДА СЕ СНЕВИДЕ КАКО ПРАВ НА ТАПАН - ко искра на вода, ко капка на припек, така и пијаниот живеачката скапа ја колни до грло кога ќе му скипе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Жеден за свет, се втурнува во Париз, ја учи техниката на анимирањето и од тоа, заедно со неговата Емина, печали за живеачка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мислиш ли дека ова не е доволно! Ебате живеачката!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам, по ова негово последно искуство, за кое не забораваше да напомене дека било премереже поттикнато од маглите на судбата, како да ја кладе под себе својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Математиката си е тоа. Со Мирјана зедовме молив и пресметавме што може да се стори со една плата. Токму за живеачка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Втаса в затвор! Но кога? Кога го затворија? Кога убаво си ја изживеа својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Го прости господ. Ем мачна живеачка, ем мачна сетнина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Зошто мачна живеачка?“ праша авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Кога ќе се разбудам попладне, прва задача ми е да проверам дали е дома велосипедот, постојано стравувам дека негде патем можеби случајно настрадал – ми ги доверуваше Господ мачнотиите на својата живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека би било и одвишно овде да тврдам дека нашата живеачка ми се чини многу поприродна во моментите на нејзината разголеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие се таа наша кутра живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко успеваше да донесе пари колку што ни требаше за нашата живејачка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен тоа, за голата живеачка му прискокна на помош и младата сопруга, која како среднистка се измоли за работно место во филијалата на едно претпријатие од нивниот крај.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За жал малку знам за него. Само понекој побирок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Гледаш, немам размислувано за таквите можности“, се насмеа мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе