жива ж.
жив прид.

жива (ж.)

Сплесканиот профил од стара бакрена пара имаше натечена клепка. Како да беше наполнет со жива.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ ми пушта со очите: му играат како жива во водена терезија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќаме на спиење, месец јануари, живата паднала на минус 45 степени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во алхемиските записи петокраката ѕвезда ја симболизира живата (Меркур).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нежниот глас на спикерката и благата музика ги следеа заледените фотографии на советските градови во кои живата се симнуваше до 40 степени под нулата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чувствуваше како неговиот мозок се исполнува со зовриена жива.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Жива у кафе, коса у чвор, зуби од коњ, тароти, виљушки, гравои, влашка, циганска и вуду магија беа редовни ритуали, а гатарите ги окупираа телевизиите ко татко им да им ги остаил у наследство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)