женскост ж.

женскост (ж.)

Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овие езотерични (бесмртност) и алхемиски (женскоста) поими, синтетизирани се во секојдневниот израз l’eternel feminin (вечното женско), со кој се дефинираат трајните особини на женската психологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали тој алудира дека таа ја има својата женственост и тој својата машкост, но дека тука е нивната заедничкост, во која таа учествува во неговата машкост, нека долго се бранува -” А тој само што не ја јаде и пие нејзината женскост...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)