жаба (ж.)

Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– "Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Прошетал по сето Коњарско поле и слегол дури на Врбјанско, крај блатото, та си се најал жаби, кауѓерици, скакулци и гуштерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Измислувавме прекари за луѓето - општинскиот писар го крстивме Скандалија: некој од нас чул, за нашето ноќно викање рекол дека е скандал, мајка му на Бата Жаба, Бата - Жабурче, татка му - Бастум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, невестата си е за невеста, токо, ај стоплите нешчо, оти цревата почнаа да ми кркорат како жаба моклишка! — вели Илко.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Неговиот последен здив не ја размрешка зелената вода до врв наполнета со ѕвезди и жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе сврти - жаба! Ќе сврти пак - штрк! Ќе сврти уште еднаш - штркот ја држи жабата во долгиот црвен клун!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Жабите се подготвуваат за голем пролетен концерт...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пред нас скокаат жаби и водни змии во реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жабите крекаат, некои пилишта се збираат околу некаква мрша пред црквичето над реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Добровечер - откај река песнопојка жаба крека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние стоиме, а од реката крекаат некои жаби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пример рибата: за да го продолжи своето потомство, во зависност од видот, исфрла од 15 илјади до 150 милиони икри годишно; матицата на пчелата за три години снесува околу три милиони јајца; жабата шест илјади годишно; и човекот непотребно се расфрлува: во изливот на семето исфрлува околу 200 милиони сперматозоиди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А пред да помине голема војска, вели, излегуваат многу жаби, гасеници и скакулци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со плускавци), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Убава жабарка си нашол, сакам да му речам, жаби да пасете обајцата, затоа не се помрднуваш одовдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, клепаме мрзливо со очите, подуени небаре кај риба, кај жаба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги навлекува чорапите - мрежасти, со шев по средината. Ги закопчува жабичките, а затскриениот Љубовник ѕирка, грицкајќи кикирики.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи