етеричен прид.

етеричен (прид.)

Таму се славеше здравјето, тука смртта, но и во обете слики, светлината што се разлеваше низ фигурите и целиот предел (слична на онаа што пробивајќи се низ малите отвори на распнатите метални мрежи против инсектите, ја исполнува утробата на собата) беше како од милост небесна која го менува средениот однос што долу навидум владее меѓу ликот и гласот, меѓу предметот и движењето – блажена милувка на етеричниот Отец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вие почитувана Лејбовиц, во миризбите, етеричните и маслинови масла, кои ми ги испративте во шишенца, и потоа свенатите цутови на лавандата и други провансалски цвеќиња, ми испративте и неколку слики, со пригодни цртежи на полињата прекриени со разбранетите цветови како подвижен тепих.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зар злодоброто е етерично тло од кое нема да се одлепиме?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Постојат, демократи, други времиња и обичаи има вистини кои не се кажуваат во дијалог на гозба и оргија, при муслини и мириси од етерични масла и прележани вина има вистини кои не се питки и питоми вистини сами од себе кои вреват вистини за преврат за народ, аристократи и пците веќе знаат и глувците осеќаат! __
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Лукавец, Итрец, Луцифер Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот Грбавиот Јуда умна преумна надеж неумерена (а смертта е без мера безмерен семир!) Сило црна нечиста, нечестива волкодлака во туѓи светилишта падена меркана, дебнета грдосијо те тука си, те не си мис-миризлива, жуборлива етерична сфера малку отров за малку живот Сѐ само простодушност не не понизност, не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се разбира, со оглед на фактот дека знаев оти постојам побрзав да ја отфрлам помислата за некаква етерична или духовна состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потопена прво во чоколадно млеко, па во етерични масла, па измасирана со крема која ја враќа младоста во кожата однадвор, за кога тој ќе чукне на врата двапати кратко и еднаш долго и ќе го стави клучот во брава, а рајберот таму кај што треба, ти, демек, да процветаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)