есенски прид.

есенски (прид.)

Дејството се случува во Скопје, во турско време, еден есенски ден пред пладне.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На општото гумно, над селото горе вршалица врши, снопје -класје зрело; есенската угар со трактор се оре, - нов живот се раѓа во моето село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревоносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат во секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На влажната калдрма беа фрлени чинки на мижуркави есенски светилки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Нејзините лилави, влажни зеници гледаат во есенските бои на далечните дабови, но веќе ништо не забележуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се изгубија сенките, сѐ пропадна во темница, во оној есенски сон, опоен како мирис на босилек и длабок како мајчина тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лежат негде закланите трите маслинки, коренот им е длабок; не ѕвонат зад нив есенските дукати на брезите, не мавтаат бели гранки како бели момински раце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Ништо не ни можеш! Ете, ништо!“ - му велеа на есенскиот ветер.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Но гледај чудо! - Есенскиот ветер ги потфати, ги крена високо високо, а тие префрлуваа како да се играат.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во таквиот есенски ден, пред портата од битолскиот затвор, застана убав пајтон. Од пајтонот скокна богато облечен човек.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Плуснаа првите есенски дождови и лапавици. Жолтите лисја паѓаа по земјата и ја постилаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И ви велам, додека оџаците чадат и облаците маката есенска си ја леат, соништата над спанковците шарени знамиња веат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Зашто и на Кобе и над Пешта, и над сите градови на светот оџаците есенски чадат, зашто сите деца во ова утро спијат за олимпијада - и Јан од Братислава, и Фернандо од Мадрид, и оние од Египет и Алжир со ќебе врз густите кадри.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Понекогаш, кога сончевите зраци ќе се измешаат со есенските бои на лисјата, Билјана е весела.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не е чудно тоа што човек со човек разговара, чудното е тоа што старецот си седи сам пред колибата, се пече на нежното есенско сонце, гледа преку Гола Глава и си зборува: „Ама ајде, ти и лани не погоди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе