ероген прид.

ероген (прид.)

Но, значаен чекор напред ќе биде направен дури со конструкцијата на посебна облека, што со нежни тактилни шокови ќе ги дразни ерогените зони.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа жена ќе биде составена од повеќе ерогени зони и со бричови под лакираните нокти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Субјектот има во телото создаден посебен сексуален апарат којшто кореспондира само со определени надразби, а полињата на нивното појавување се нарекуваат ерогени зони.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можеби тезава држи донекаде и ако го проанализирам нашево секојдневие можам да потврдам дека мозокот не само што е ерогена зона туку тој е и една голема гениталија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најголемата и најтешка гениталија, неговото височество Мозокот, како ерогена зона не смее повеќе да подлегнува на никакви закани и притисоци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Па се труди и да те опече и да те помести од место барајќи ги твоите колена, за кои, најверојатно, во неговата глава смета дека ти се ерогена зона бр. 1... меѓу другото зашто само тие ти се подоткриенки, разголенки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)