ербап прид.

ербап (прид.)

Биди ербап сега — не пушчај го", — си зборуваше самата и гореше од желба што побргу да го види Крлета и да го избакне како свое дете.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ербап – способен, итар, финтаџија... суперинтендант – домаќин у зграда. Живее муфте без да плаќа кирија, а заузврат ги собира чековите, мења сијалици, им се смешка на сите и те риба ако пуштиш гласна музика.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Абре, ви велам, друг ербап како него мајка не ќе роди. Ниту партија ниту комитет без него може да има.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се двоумеше дали наместо некој од овие зборови да ги внесе марифет или ербап, но, сепак, нив одложи да ги стави во новата серија од пет други зборови со негативна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК