епитет м.

епитет (м.)

По неговиот прв целосно изведен проект, „Куќата Хундертвасер“ во Виена, интригантниот уметник е „почестен“ со најразлични епитети, меѓу кои и „разубавувач“, „генијален дилетант“, а неговата градба ја нарекоа „Кич- катедрала“, кич- палата“, „папагалска куќа“ итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Освен овие два збора, овие епитети, нејзиното име значеше и трпение, истрајност – упорност, долго – трајно постоење на неа самата, како тело а уште повеќе како личност. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа се првите три букви од името Трајанка. Првите букви тра се содржани и во сите нејзини епитети.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш не можеше да се види, како што очите не можат самите себе да се видат, не можеше да ѝ се придаде никаков епитет, зашто истиот согоруваше в мигот на доживеаното. Смешно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Зборот курва што беше користен речиси како епитет го разбраа сите, но она крвава за сите остана енигма.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Камилски посебен впечаток ќе му направат и епитетите што често им се придаваат на Исус, Богородица и светците, позајмувајќи зборови од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)