епизода ж.

епизода (ж.)

ЛУКОВ: Да, епизода. Впрочем, ти си крив што таа воопшто излезе од овој плик.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што ме гледаш така? Да. По неколку минути, сето ова ќе биде само една епизода за која веќе по три дена никој нема да си спомнува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Распеаниот глас на офицерот раскажуваше интересна епизода: ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Епизодата на пописот на козите е навистина антологиски извадок, а во исто време, постапката да се измами едно население во името на прогресот, лишувајќи ги овие животни од живот е толку монструозна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оваа книга е пишувана како литанија, во која епизодите се мешаат една со друга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа епизода, имено, не го предизвикува само разгорувањето на националните страсти туку и, со денес веќе заборавените длабочина и острина, го оживува спорот меѓу нацијата сфатена како гениј и нацијата сфатена како плод на договор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да сведочи за трауматските епизоди на лузерската индивидуа, за игнорантските стампеда на масите, за виртуалните триумфи на тираните, за голготата на хуманистите или луцидноста на мудреците?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа беше веќе обработена епизода во полициската фарса.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Постоеше само едно значење што можеше да го има оваа епизода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Епизодата во која во една квечерина се појавува Нанчо кој чиниш во раширената прегратка има чиста вујковска љубов спрема внукот, а завршува со фатена вошка од јаката, не ги поматува тие денови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек ја убедуваше дека е возможно и уште ѝ објаснуваше дека јас таа вечер сум ги довел девојките до ситуација да пукнат од смеење, оти сум ја споил таа акробатска способност со мојата смисла за хумор и книжевност, па сум играл една епизода од Декамерон на Бокачо, во која наивниот и глупав сопруг никако не може да се качи на скалата од таванот, за да ја фати својата жена Петрунела како со својот љубовник води љубов; а не може да ги фати, затоа што не ја потпрел скалата на ништо, па штом се качи, се занишува и веднаш стрчнува надоле, од другата страна на скалата, за да не падне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Служењето војска во животот на Едо Бранов ќе беше безначајна и заборавена епизода ако тој таму не се здобиеше со една рана и со еден мелем.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка Ервехе сигурно не стравуваше од претпоследната епизода, туку секогаш од последната, најнеизвесната, присутна само во Татковата имагинација.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега, кога требаше да се мине првата граница, тре­баше да биде означена почетната, можеби најзначајната епизода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа го раздиплуваше своето минато, по којзнае кој пат, но секогаш со некоја нова, непозната епизода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Епизодата на пописот на козите е навистина антологиски извадок, а во исто време, постапката да се измами едно население е толку монструозна, во името на наводниот прогрес, лишувајќи ги овие животни од живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе