ентропија ж.

ентропија (ж.)

Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некаков обратен демон на рамнодушноста, на инерцијата и на апатијата - блед отсјај на демонот на ентропијата, кој ги насочува нештата кон максималната можност и кон апсолутната рамнотежа. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 15
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не, туку страв во главата на Дипигус, вкрстени слики од предубедувања и стрипови, или едноставно рефлекс врежан со мастило како еден енграм- тетоваж?!) Дипигус се задушува и ја исплукува рибината глава, по што и Пајо Ентропија и Даркер и останатите девет лошотии на масата почнуваат да се кикотат и да ги плукаат несварените залаци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мора да се создаде чувство на нужност, чувство дека ако не сториме нешто околу тоа, сѐ ќе заврши во декаденција, криминал и ентропија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Предзори насетуваш заборавот е несовршен хаос делумна ентропија: темна страна на човештвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)