енигма (ж.)

Можеме, исто така, да запазиме дека Ѕвездата е седумнаесеттата голема енигма во Тарот-от, и дека на неа во астрологијата ѝ одговара Венера.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој намерно од нив направил енигми наменети за кралот Фридрих.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозни­от американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа речиси бесконечно „играње“ на состојбите на зборот фатени во лет одразува една од можните коинциденции што во поезијата на Ренџов се повторува од неодреченото, неодстореното, неодотвореното суштинско прашање за тоа: кои се конечните можности на „зборот“ како енигма во обликување на мислата кое и самото треба да му го овозможи величењето на зборот како суштина на мислата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Божествената мудрост на мудрецот му се дава низ симболи и остроумни енигми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
III Секој во семејството, на свој начин, беше опседнат од енигмата на враќањето во родната земја, но секому му беше јасно за нашата припадност и на земјата без враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само во неговиот центар стоел еден лист кој бил полудогорен, и на кој едвај се читало: Јан Лудвик, ЕНИГМА.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем ја извлеков од џебот неговата песнарка; беше малку пожолтена, но цела; на неа, со крупни букви пишуваше: „Енигма“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да му беше потребна сал уште една буква, па слог, на крајот, збор, за да си ја дополни формулата на алхемиската потрага, со која ќе ја откриеше вербалната еурека која, според неговата замисла, ќе му овозможеше лесно да влегува и да излегува од отоманското време за, најпосле, да ја разгатне големата енигма на идентитетот на своето семејство, на својот народ, на сите други измешани балкански народи кај кои сѐ уште не исчезнуваа јаничарските гени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Голема енигма сме ти ние, сине, за антропологијата, за историјата, за философијата, и за што уште не! Особено за историчарите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во мене и натаму продолжуваше неконтролираната инерција на мојата поранешна амбиција да го расветлам докрај Татковото цариградско време, големата енигма на неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбата срочена во 64 хексаграми на енигмата а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прозна и позитивна цртичка. Машки синопсис!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А колку споменика можеа да се изградат од 500-те срушени фабрики у транзицијата сѐ уште остана енигма.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа пријателка не беше ни малку поубава и не помлада од неговата жена; но ги има на светот ваквите енигми и не е наша работа да судиме за нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе