еми (чест.)

МИТРЕ: Еми тоа се знае, гајлињата за луѓето ги оставил господ, не ги оставил за ајваните.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Вистина? Еми добро де, шо е проблемо?“ „Нема проблем. мислам дека желбата шо си ја посакав преѓе веќе ми се оствари.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На Факултетот за земјоделство и шумарство (еми не студирав книжевност), во трета година, преку лето одевме на пракса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Кога си донел грозје?“, ме прашува божем налутено, а јас се смеам и велам „Еми, јас сум од Кавадарци.“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)