експанзионистички прид.

експанзионистички (прид.)

Раздробена во многу кнежевства, Германија ја пронаоѓа смислата на своето единство соочена со експанзионистичката Франција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таков провинцијален експанзионизам, таков фрустриран паланечки дух, кој за сексот и аналните искуства говори само под маската на обредот, кој во суштина е обред на една политичка партија, не нуди никакви перспективи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Почетокот на експанзионистичкото настапување на силите на Оската од триесеттите до четириесеттите години, особено јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941 година, го урнал митот дека САД би можеле да останат надвор од претстојниот воен судир.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)