едно (ср.)

Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други – исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. – Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа само во 1/4 век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЕФКА: Море, Томче, не слушај ја ти неа: едно мисли, друго зборува. Од мака, многу е сакалдисана.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас знам само едно: уште еднаш ќе го прашам. Ако рече пак не, ќе се отепам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Меѓу два огна се наоѓам, ти си запнала за едно, а тој за друго.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И затоа почна да оди често кај братовчетка си Тода, која нарочно по негова „порачка" ја извикуваше Нешка на калето и ја прашаше ту за едно, ту за друго во врска со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И луди ветришта само пеплишта носеа ги трупаа едно над друго едно до друго од сите векови повисоко ридови израсна камен гол црн камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не било грев да се определам ни за едно ни за друго...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Штом ја отвори вратата од кошарата, говедата едно преку друго истрчаа надвор, па нестрпливи да стигнат до поилото и да ја изгаснат жедта, лижеа од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
12. АКО НЕМАШЕ МРАК, НЕ ЌЕ ТРЕБАШЕ СВЕЌА - природно е едното со друго да се мами.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Нам ни треба сега само едно. Одовде, од оваа пустиња да отидеме до него — до ѓеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѕидот се исушил ја впил бојата. Ова е сѐ едно. Цврст ѕид. Сликата е внатре, како и надвор. Сѐ е едно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Послушај ме, потшишај се. Ние сме едно. Јас ти припаѓам тебе, ти мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно ти одмага, во друго ти помага. Напред!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ме слуша. Јас едно ѝ зборувам, таа друго ми кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе завршат едно, ќе започнат друго.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе