еднонасочен прид.

еднонасочен (прид.)

И шанса, барем за ден, барем за час, да ја испереме од себе заканувачката индиго инфицираност од колективното и еднонасочно восприемање на „нештата што живот значат“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во туристичката спроти Кармин побарав еднонасочна за Мемфис, Тенеси.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Терапијата не е говор, таа не е предавање, и таа не е еднонасочен проток на идеи и информации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нека видиме низ пример дали ваков еднонасочен редукционизам е возможен дури и во рамките на физиката.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Или некој говор - еднонасочен проток на идеи и информации, пр., традиционалните замисли за терапевтите како луѓе кои имаат привилегирано знаење за нивните клиенти, за она што им задава болка и како тоа да се поправи. 34 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозни­от американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Именките стануваат семантички важни! Егзотична еднонасочност – пример – БОЗА: За разлика од бурекот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Границата постои само кога одите на Север. Ѕидот е „еднонасочен“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Против еднонасочниот проток на комерцијални информации, како антипод на суштината на јавниот простор како место за дебата и рационален консензус, културните попречувачи меѓу кои се Billboard Liberation Front, Guerrilla Girls и бројни други уметници, обединети околу списанието „Adbusters“, ја користат субверзивната моќ на ситуационистичкиот détournement, „повторната употреба на веќе постоечки уметнички елементи во нов спој“132.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
113 преку тоа да постигнат ни помалку ни повеќе туку еден поинаков начин на размислување и делување: „Доколку човек се соочи со нови содржини во рамките на старите форми на презентација, и доколку постои можност тој да ги разбере, може да се претпостави дека во иднина тој ќе почне да се сомнева во исклучивоста на еднонасочните информации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Челатта виорот ја однел по темните еднонасочни сокаци! Лелек, крик, плач! Како сакаш!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)