евтин прид.
евтинија ж.

евтин (прид.)

88. Тоа платонско и само платонско и евтино сочувство кон Македонците, тоа неразбирање на националните интереси, тоа отсуство на национални идеали и таа жед за популарност со приврзаност кон социјализмот е одраз на духовната состојба на бугарскиот народ и неговото општество.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Море, остави, попе. Како вој лесно и евтино шо помина, ни еден наш вдовец не поминал.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Лесна работа, пак евтино ќе помине. Ами да дадеш десетпетнаесет, како ногу сиромаси што даваат!?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Но виде дека дедот поп рече домаќински и право е да му даде три лири кога веќе така евтино помина кај Доста.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Мојот познаник сликар и јас секогаш бараме евтини ресторани.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не беше ни скап, ни евтин - средна рака. И двајцата беа задоволни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ што се гледа се продава евтино и без мака: за печени јаболка и дуњи, за небет-шеќерчиња, стопарчиња, варени компирчиња, кисели пиперчиња и друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трговијата со порнографија и со евтина секси булеварска литература, која овде, на „Пигал“, се продава на секој чекор, ја немаат во свои раце Французите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ е некако мистериозно и тука се нуди евтина забава за многу франци и секој што ќе излезе од овие вертепи, се чувствува понижен, излаган и индигниран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Молк! - му викна и му се доближи толку многу што Нумо почувствува мирис на евтина колонска вода и брилјантин.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ѝ мрдаат и ушите, 'рѓосани од носење на евтини обетки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И угледни службеници на новата власт со многубројна челад, а кои со мали плати, тешко врзуваа крај со крај во деновите на сиромаштијата, покажуваа разбирање за козарите и нивните кози, го купува нивното евтино млеко, иако беа будно следени од властите и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Отворањето на ново соѕвездие – тука во соседсвото. Шпагите на патиштата, заоѓањето на сонцето во евтино шише рум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Швајцарците го прифатија предизвикот и за масовниот пазар направија релативно евтина серија на часовници со дигитална технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу евтина мелодрама.
„Маргина бр. 21“ (1995)
За почеток, не сум евтин, но за прекувремено чување на информации цените ми беа астрономски.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Автобусот и ги прекинува мислите, ги остава зад себе евтините зборови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи