дури (сврз.)

Овие словенски букви и вака треба да се пишуваат и изговараат: а, б, в дури до о и тие се 24 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
И така царица Мариа поживејала дури остарела сѐ богоугодно, и прешла у вечнија обители.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И ете кај си правиме така од илјадници години и дури стои веков, Силјане внучко, сѐ така правиме", му рекол домаќинот и друзите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дури си мислел така Силјан, сам беше го оставиле во една одаја луѓето, чунки ошле да ги наранат имањето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
До еден со доблест станаа жртви на храбриот Дичо четниците горди; и ранети тука, па дури и мртви, насилија трпат од турските орди.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
КОСТАДИН: Дури од Божиќ! Погача треба да му испратиш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си нема столче, ѝ се окршило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
О, боже, што да чинам, поарно и јас малку да се иставам дури да се расони, оти што се вели: сонит — манит, полош и од пијан (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дури чорбаџи Теодос се пушти малку!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но дури и до приватната доцентура морал доста да чека, и допрва во 1801, кога имал над триесет години, по препорака од својот пријател, тогаш веќе познатиот филозоф Шелинг, станал приватен доцент на универзитетот во Јена.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Дури уште поарно ако не ја дава. Ќе му ја грабиме, и со тоа ќе го срамиме!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ДАРА: Забога, ќемо умртвимо човека. (Дури таја растрчуе, Пијаниот почина спокојно и длабоко да си грчи).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Мајка ми да ме жале и дури ѝ гледат очите, либето да не ме жали, оти ми беше неверно.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Јован требаше да им биде кодош кај Доста, кај Батанџиовите невести, кај Дунава Макрева, кај Бојана Жиовката; па дури и кај Рожденката, ама слабо поминаа кај сите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мојто си е мое, нејното — нејно. Дури ми чини — ќе седа со неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Која волна, која чорапи, гаќи, ќурдија, дури и по некоја сакма, а ете, некоја сиромашка фрлила писана кошула, — алова, „старавинската", а некоја пак грабено детинско кошулче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе