дупли (прид.)

КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само јас сум посилен од него. Донеси четири дупли.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
18. КАКО КОСТЕН ВО ПУЗА ОД МАКА ЌЕ ПУКНЕ - но ако е тој некаков таков костен шуплив би ја пафнал маката со пепелта да штукне и на жар печејќи се ќе фати кори дупли... лисицата и в стапица пак кокошка гледа!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дупла дванаеска со поврзани чкрапала“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Келнер, донеси една дупла за мене. Зошто да доаѓа двапати?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште нешто: Лиле навистина работи у стоковна куќа ама не на втори спрат туку на приземје, а Ѓоко не вози дупла двојка туку обичен градски аутобус.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Најважното го оставив за крај: Ѓоко со години работи како шофер у ГСП, вози дупла двојка од Сарај до Аутокоманда и обратно, а Лиле работи у Стоковната куќа преку мост, на втори спрат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На поминување го приметив шанкерот како скришно сипаше дупли шток.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не ја разбрав што му кажа на момчето од другата страна на шанкот, ама, за минута-две, добивме по дупла вотка со мраз и лимон.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таму, во топлите предели на дуплиот континент, палавее низ егзотичните крајбрежја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во домино и табла е дупла двојка, а во животот повеќекратна измама.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК